• сабота, 23 ноември 2024

Најтопло утрово во Гевгелија и Дојран, најстудено во Лазарополе

Најтопло утрово во Гевгелија и Дојран, најстудено во Лазарополе

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Најтопло утрово е во Гевгелија и Дојран со 22 степена, а најстудено е во Лазарополе каде се измерени шест степени.  

Како што соопшти УХМР, до 8:30 часот осум степени се измерени во Маврови Анови, девет во Берово и Попова Шапка, 11 во Претор, Тетово, Крива Паланка и Охрид, 12 во Скопје-Петровец, Битола, Дебар и Крушево, 13 во Прилеп, 14 во Куманово и Виница, 15 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Штип и 16 степени во Струмица, Кавадарци и Велес.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Охрид, два литри на метар квадратен. 

Во текот на ноќта времето беше ведро, а само во југозападните делови имаше појава на мала до умерена облачност. Утрово насекаде е сончево, наместа со слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во крајните јужни делови од земјата ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан