• сабота, 23 ноември 2024

Најмногу дожд во Куманово

Најмногу дожд во Куманово

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Куманово 52 литри на метар квадратен. 

Како што соопшти УХМР, 26 литри на метар квадратен наврнало во Битола, 16 во Виница и Попова Шапка, 13 во Велес, 11 во Демир Капија и Крива Паланка, 10 во Берово и Скопје – Зајчев Рид, 9 во Гевгелија и Штип, 8 во Тетово и Кавадарци, 7 во Крушево, 6 во Претор, 3 во Прилеп, Струмица и Маврови Анови, 2 во  Охрид и Лазарополе и 1 литар на метар квадратен во Дебар.   

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 26 степени. 
 
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени. дма/лв/

 

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан