• петок, 05 декември 2025

Најмалку 44 мртви во нов напад на ИДФ во Појасот Газа

Најмалку 44 мртви во нов напад на ИДФ во Појасот Газа

Газа, 7 април 2025 (МИА) - Најмалку 44 лица загинаа денеска, а неколку десетици се повредени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија.

-Бројот на загинати во израелските напади од утринава е најмалку 44, вклучувајќи 21 лице во Кан Јунис, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана во јужниот дел на Појасот Газа, пренесоа француските медиуми.

На 18 март, израелската армија ги продолжи нападите во Појасот Газа по два месеци кревок прекин на огнот.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан