• понеделник, 14 октомври 2024

Најмалку 23 луѓе загинаа при воздушен напад врз пазар во Хартум

Најмалку 23 луѓе загинаа при воздушен напад врз пазар во Хартум

Хартум, 13 октомври 2024 (МИА) – Суданската армија изврши воздушен напад врз пазар во Хартум, при што загинаа најмалку 23 луѓе, а 40 се повредени.

Во близина на пазарот е лоцирана една од базите на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ).

Од почетокот на конфликтот помеѓу суданската армија и во април 2023 година, загинаа над 16.000 луѓе, а речиси 10 милиони лица ги напуштиле своите домови. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан