Најмалку 11 луѓе загинаа во напад на банда на Хаити
- Најмалку 11 луѓе загинаа, а десетици се повредени во нападот на вооружената банда Гран Гриф во градот Понд-Сонде на Хаити
Порт-о-Пренс, 4 октомври 2024 (МИА) – Најмалку 11 луѓе загинаа, а десетици се повредени во нападот на вооружената банда Гран Гриф во градот Понд-Сонде на Хаити.
Бандите на Хаити се обидуваат да го прошират своето влијание надвор од главниот град Порт-о-Пренс врз Понт-Сонде. Поради насилствата речиси илјадници жители го напуштија градот.
Понт-Сонде е лоциран во регионот Артибонит каде што се произведува најмногу ориз, влошува кризата со глад.
Десетици илјади Хаиќани од екстремно насилство и сиромаштија бегаат во Доминиканската Република. ми/
фото: МИА архива