Најмалку шест лица уапсени во голема полициска акција за апсење криумчари на мигранти
- Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организиран
![Најмалку шест лица уапсени во голема полициска акција за апсење криумчари на мигранти](https://mia.mk/index.php/images/20221107115906_big_730x400_19.webp )
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група.
Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово.
Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога.
Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување. ац/дма/