• петок, 26 јули 2024

Најмалку двајца загинати и 14 повредени при уривање на црква во Уганда

Најмалку двајца загинати и 14 повредени при уривање на црква во Уганда
Кампала, 2 април 2021 (МИА) – Најмалку две лица загинаа, а 14 се повредени кога црква се урна се урна врз десетици католички верници кои се подготвуваа за велигденски свечености во источна Уганда, соопшти денеска Црвениот крст на Уганда. Во католичката црква Намулему во близина на градот Буталеја имало повеќе од 100 верници кога сите четири ѕидови и покривот се урнале по силното невреме во средата, изјави официјалниот претставник на Црвениот крст Франсис Амулен. - Дождот во средата беше многу силен и ја уништи областа. Тоа предизвика слабеење на ѕидовите на црквата и сите се урнаа. Исто и покривот. Дете жртви починаа на лице место, соопшти Амулен. Портпарол на локалната полиција изјави дека загинале две жени на возраст од 50 и 75 години. Уганда е длабоко религиозна земја и над 85 проценти од 40-милионското население на земјата се христијани. јт/

Остани поврзан