• сабота, 21 декември 2024

Најверојатно нема да има алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија

Најверојатно нема да има алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија

Ријад, 24 септември 2024 (МИА) - Алкохолот најверојатно нема да се продава на Светското фудбалско првенство во 2034 година.

Пиењето алкохол е нелегално во Саудиска Арабија. „Sky Sports“ забележува дека не се планира да се олабават законите навреме за Мундијалот по 10 години.

- Ние сме домаќини на повеќе од сто спортски настани без алкохол, пречекувајќи три милиони навивачи. Тие си поминаа одлично и открија што има да понуди Саудиска Арабија – забава, уметност, музика, култура и наследство, изјави саудискиот менаџер Хамад Ал Балави.

Покрај тоа, турнирот би можел да се одржи во зима, исто како Светското првенство во Катар во 2022 година.

- Тоа ќе биде одлука помеѓу ФИФА, конфедерациите, лигите и фудбалските асоцијации. Ќе се вклучиме во оваа дискусија во догледно време. Подготвени сме да примиме гости кога тоа ќе биде побарано, додаде Ал Балави.

Саудиска Арабија е единствениот кандидат за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Таа треба официјално да биде прогласена како земја домаќин на турнирот на Конгресот на ФИФА на 11 декември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан