• понеделник, 23 декември 2024

Одбележување на Денот на македонските рудари во Радовиш

Одбележување на Денот на македонските рудари во Радовиш

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - По повод Денот на македонските рудари и Денот на Радовиш денеска во овој град ќе биде организирана музичка вечер.

- Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други. Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, велат организаторите.

Тие додаваат дека вечерта ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика. сст/са/

Фото: плакат

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан