• четврток, 21 ноември 2024

Шекеринска и Спасовски ќе се обратат на Академијата за женско лидерство

Шекеринска и Спасовски ќе се обратат на Академијата за женско лидерство

Скопје, 28 октомври 2023 (МИА) - Во рамки на Регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство, во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, ФЕС Дијалог Југоисточна Европа, денеска потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе дебатираат на панелот „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“.

На Академијата, која започна вчера, учествуваат жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. 
 
Целта на Академијата, како што наведуваат организаторите, е зајакнување на лидерските вештини кај жените социјалдемократки, поттикнување да направат правилен чекор и да го заземат своето место во заедниците кадешто се носат одлуките и политиките, затоа што резултатите покажуваат дека жените на клучни лидерски позиции работат многу помудро, подобро, со интегритет и емпатија правејќи позитивни промени за државата. ев/бак/
 

 

Остани поврзан