• среда, 25 декември 2024

Тркалезна маса „Петар Драганов - славист и македонист“

Тркалезна маса „Петар Драганов - славист и македонист“

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Тркалезна маса насловена „Петар Драганов - славист и македонист“, ќе се одржи денеска напладне во Институтот за национална историја во Скопје.

Како што информираат од Институтот, настанот се организира по повод 130-годишнината од издавањето на „Македонско-словенскиот зборник“ од Петар Драганов – еден од првите и најистакнатите странски проучувачи македонисти од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кој во своите трудови се искажал во прилог на етнокултурната различност на Македонците од другите етникуми и култури на Балканот.

Воведно излагање на форумот ќе одржи проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, раководител на Одделот за културна историја и координатор на докторска програма Културна историја и географија на Македонија при Институтот за национална историја. вг/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан