• четврток, 30 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) -  СВР Битола- ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.С.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.

На 25.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Пенка Котеска“ во Прилеп, пријавениот со бензин предизвикал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ј.(49) од Прилеп. По преземени мерки и активности, на 29.01.2025 во 12.00 часот С.С. бил пронајден и лишен од слобода, по што му е поднесена пријавата.

На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево - Охрид, кој е во изградба, паднал и починал. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево, а увид извршиле полициски екипи и трудов инспектор.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 29.01.2025 во 22.05 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Р.(32) од Тетово. Управувајќи патничкото возило „опел“ со скопски регистарски таблички, во кое имало уште три машки лица, тој на ул. „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници.

Возилото било запрено на улица ,,Радован Цониќ“, но Ш.Р. со вратата од возилото удрил полициски службеник и се дал во бегство. Тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршума во воздух. Околу 22.05 часот, возилото е пронајдено, а Ш.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

На 29.01.2025 во 15.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(74) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11.50 часот агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите соседи В.Н.(40) и З.С., двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 29.01.2025 во 18.36 часот во СВР Скопје, 59-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Г.М.(44) од Скопје, кој потоа околу 14.00 на нејзиното работно место агресивно се однесувал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 29.01.2025 во 10.30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот сопруг Д.Б.А.(32) од Скопје, со кого е во бракоразводна постапка, упатувал закани кон неа и нејзиното семејство.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.01.2025 во 15.20 часот во СВР Скопје, Н.В.(60) од Скопје пријавила дека околу 14.20 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело паричник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.01.2025 во 12.30 часот во просторијата за технички преглед во СВР Велес, полициски службеник од Полициската станица Велес, при технички преглед на лично и формациско оружје, од автоматска пушка испукал еден куршум во таванот на просторијата, во која биле уште двајца полициски службеници.

Повредени лица нема, а за настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

На 29.01.2025 во 13.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека околу 13.15 часот во касарна Ѓорче Петров, при изведување вежба со повреда на ногата се здобил еден полициски службеник и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.

На 29.01.2025 во 19.00 часот во СВР Струмица, возач на товарно возило пријавил дека откако го паркирал возилото на паркинг простор, слушнал гласови и тропање во приколката од возилото.

Полициски службеници од Полициската станица Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Југ излегле на местото, а екипа од Царинската управа ја отстранила пломбата и во приколката биле пронајдени четири лица мигранти, од кои двајца од Пакистан и двајца од Сирија. Се работи на расчистување на случајот.

На 29.01.2025 во 11.45 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавениот дека во установата се вратил нивниот штитеник К.П.(17), за кој на 27.01.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата. 

На 29.01.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Бит-пазар, С.Ш.(52) од Скопје пријавил дека во домот се вратила неговата невенчана сопруга К.И.(42), за која на 20.01.2025 беше пријавена дека се оддалечила од домот.  

На 29.01.2025 во 11.50 часот во Полициската станица Центар, Г.З.(58) од Скопје пријавила дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 29.01.2025 во 15.45 часот во Полициската станица Драчево, И.А.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 29.01.2025 во 11.00 часот во Полициската станица Драчево, Н.Ј.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.  

СВР Куманово поднeсе кривична пријава против С.Џ.(34) од с.Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На 20.12.2024 во с.Матејче, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.М.(40) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама во службата“.

Пријавената, сопственик на приватна здравствена установа, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2024, со поднесување лажни фактури го довела во заблуда овластеното лице во Фондот за здравствено осигурување на РС Македонија, по што овластеното лице на Подрачна служба Гевгелија извршило одобрување на поднесените лажни сметки за да биде извршена исплата на сметка на правното лице во износ од околу 359.000 денари по основ на поднесените фактури.хс/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан