Предавање за „Улогата и значењето на Царинската управа на Република Северна Македонија"
- Предавањето ќе го одржат директорот на Царинската управа Стефан Богоев и помошник директорот на Секторот за меѓународна соработка и европска интеграција, проекти и стратешко планирање, Златко Ветеровски.

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Предавање на тема „Улогата и значењето на Царинската управа на Република Северна Македонија" ќе се одржи денеска во Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет).
Предавањето ќе го одржат директорот на Царинската управа Стефан Богоев и помошник директорот на Секторот за меѓународна соработка и европска интеграција, проекти и стратешко планирање, Златко Ветеровски. дма/лв/
Фото: МИА архива