• сабота, 23 ноември 2024

Муцунски на Министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина

Муцунски на Министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе  учествува на Министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во копартнерство од страна на министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина.

На конференцијата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се очекува министрите да разменат мислења и ставови околу враќањето на воените заробеници и незаконски притворените цивили како резултат на руско-украинската војна, како и за изнаоѓање најсоодветни механизми за враќање на незаконски раселените и присилно депортираните украински деца од страна на Руската Федерација.

- Дополнително, се очекува од конференцијата да произлезе акциски план за ослободување на притворените цивили, воени и политички заробеници, како и за враќање на депортираните деца. Планот ќе опфати и мерки за нивна рехабилитација и повторна реинтеграција со нивните семејства по враќањето во татковината, се наведува во соопштението.

Во рамки на конференцијата, предвидено е Муцунски да оствари и неколку билатерални средби. дма/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан