Концерт на „Frise Lumière“
- Во рамки на тековниот серијал на современа и експериментална музика „Предизвук: од хаос до хармонија“, вечерва, во клубот „Ла Кања“ ќе се одржи концерт на „Frise Lumière“. Како што се наведува во соопштението, „Frise Lumière“ е соло проект на францускиот уметник и музичар Лудович Герст кој живее и работи во Португалија.
Скопје, 8 октомври 2025 (МИА) – Во рамки на тековниот серијал на современа и експериментална музика „Предизвук: од хаос до хармонија“, вечерва, во клубот „Ла Кања“ ќе се одржи концерт на „Frise Lumière“. Како што се наведува во соопштението, „Frise Lumière“ е соло проект на францускиот уметник и музичар Лудович Герст кој живее и работи во Португалија.
– По објавувањето на својот прв албум „Bisou Genou“, Герст продолжува да ги тестира „prepared bass“ границите, создавајќи амбиенти во кои звукот се движи меѓу нежност и сурова енергија. Неговиот последен албум „Ambo“ е резултат на средби и влијанија од минатото и сегашноста, но и потврда за неговиот стремеж кон минималистичко и уникатно звучно искуство, се вели во соопштението. ра/бак/
Фото: Постер