• сабота, 23 ноември 2024

Завршен настан на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Завршен настан на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Завршeн настан како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој го имплементира Фондација „Чекор по чекор”, ќе биде одржан денеска во кино Фросина при Младинскиот културен центар во Скопје. 

Поздравен говор преку видео обраќање ќе има министерот за образование Јетон Шаќири, претставникот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Нафи Сарачини и  Сузана Киранџиска, извршната директорка на Фондација „Чекор по чекор” која е имплементатор на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран,.

На настанот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Повеќе од попреченост“, кој е изработен во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ по што ќе следи панел дискусија за инклузивно образование.

Како панелисти на форумот се најавени: Елена Мишиќ, раководител на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“; Лидија Крстевска Дојчиновска - државен советник за инклузија во Владата; Лулзим Мехмеди - декан на Државниот универзитет во Тетово; Виолета Стоилевска - наставник во ООУ „Дане Крапчев” - Гази Баба, Благица Димитровска - родител на возрасен син со попреченост и активист за правата на лицата со попреченост од здружението „Инклузива“

Ќе може да се проследи и изложбата на ученик со попреченост, млад уметник и стипендист на проектот - Филип Циглењак Симоновски. вг/лв/

Фото: Фондација „Чекор по чекор”

Остани поврзан