• петок, 08 ноември 2024

Продолжува Годишната конференција „Година на европски можности“

Продолжува Годишната конференција „Година на европски можности“

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Продолжува дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во организација на Владата. Ќе се одржат три панел сесии, на кои ќе се дискутира и ќе се направи пресек на владините политики и мерки преземени во 2023 година, со фокус на евроинтеграциите како клучен процес за 2024 година.

Како што информира владината прес-служба, првиот панел за денеска или панел 5 е „Земјоделство и рамномерен регионален развој - ЕУ можности и перспективи“. 

Следните два панели се „Република Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“ и „Инвестициите во инфраструктурата и во културата – траен влог за идните генерации“. Постои можност за следење на конференцијата онлајн.

Конференцијата вчера ја отвори премиерот Димитар Ковачевски. Се одржаа четири панели: „На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција“, „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“, „Европски можности преку модернизација на социјални, образовни и здравствени политики“ и „Демократија, правда, ефикасност - реформски процеси за клучни европски вредности и стандарди“. мд/са/

Фото: Влада и Фејсбук на премиерот Ковачевски 

Остани поврзан