Науседа: Многу е веројатно дека двата оптички кабли биле намерно оштетени во Балтичкото Море
- Претседателот на Литванија, Гитанас Наузеда изјави денеска дека има голема веројатност двата оптички кабли кои минатиот месец беа оштетени во Балтичкото Море намерно да се исечени.
Вилнус, 6 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа изјави денеска дека има голема веројатност двата оптички кабли кои минатиот месец беа оштетени во Балтичкото Море намерно да се исечени.
„Постои голема веројатност дека станува збор за злонамерна активност, (кога станува збор) за неодамнешниот прекин на кабли во Балтичкото Море“, изјави Науседа за новинарите. рп/
Фото: МИА архива