Шефот на СЗО под оган удар во израелскиот напад на аеродромот во Јемен
- Тим на Светската здравствена организација (СЗО), вклучително и нејзиниот генерален директор, беше под оган во денешниот израелски напад на меѓународниот аеродром во главниот град на Јемен, Сана.
Женева, 26 декември 2024 (МИА) – Тим на Светската здравствена организација (СЗО), вклучително и нејзиниот генерален директор, беше под оган во денешниот израелски напад на меѓународниот аеродром во главниот град на Јемен, Сана.
- Додека требаше да се качиме на нашиот лет од Сана, пред околу два часа, аеродромот беше под воздушно бомбардирање, напиша шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на X.
- Еден од членовите на екипажот на нашиот авион беше повреден. Најмалку две лица загинаа на аеродромот. Кулата за контрола на летање, салонот за поаѓање – на само неколку метри од местото каде што бевме – и пистата беа оштетени, информира Гебрејесус.
Членовите на делегацијата на ОН и СЗО се неповредени и безбедни, рече тој и изрази сочувство до семејствата чии најблиски ги загубија животите во нападот.
Израелската војска потврди дека ја нападнала инфраструктурата на милицијата Хути во Јемен, вклучително и на аеродромот. јт/