• петок, 22 ноември 2024

Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок на 26 ноември по рускиот напад со експериментална хиперсонична ракета

Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок на 26 ноември по рускиот напад со експериментална хиперсонична ракета

Брисел, 22 ноември 2024 (МИА) - НАТО и Украина идната недела во Брисел ќе разговараат за руското лансирање на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел, соопштија денеска дипломати.

Состанокот на советот НАТО-Украина на 26 ноември ќе се одржи на ниво на амбасадори.

„Киев повика на одржување на состанокот по нападот врз градот Дњепар“, изјавија официјални лица.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека употребата на експериментална балистичка ракета од страна на Русија претставува „јасна и сериозна ескалација“ во војната и повика на силна осуда ширум светот, бидејќи НАТО го обвини Владимир Путин дека се обидува да ги „тероризира“ цивилите и да ги заплаши украинските сојузници.

„Распоредувањето на таков тип оружје нема да го смени текот на конфликтот ниту да ги одврати сојузниците во НАТО да ја поддржат Украина“, рече портпаролката на НАТО, Фарах Далала. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан