Нападот од бездомните кучиња е пријавен во институциите, реагираше тетовецот кој беше прозван од градоначалникот
- Стоматологот Агрон Арифи од Тетово реагираше на прес-конференцијата на градоначалникот Биљал Касами, кој рече дека има тенденциозно информирање на јавноста поради видеото на социјални мрежи к
Тетово, 24 октомври 2022 (МИА) - Стоматологот Агрон Арифи од Тетово реагираше на прес-конференцијата на градоначалникот Биљал Касами, кој рече дека има тенденциозно информирање на јавноста поради видеото на социјални мрежи кое тетовецот го сподели со објаснување дека тој и неговото домашно куче биле нападнати од бездомни кучиња.
Арифи вели дека не е точно тврдењето на градоначалникот дека случајот не е пријавен.
-Не е е вистина дека настанот не сум го пријавил. Сум го пријавил во полиција, но поради што не сум имал евидентни повреди пријавата не е презема од страна на полицијата, а има сигурносни камери таму со што може да се увери колку пати сум бил во полиција Тетово. Во болница Тетово не сум бил пошто сум имал лесни повреди, со што сум можел да функционирам нормално во секојдневие. Имам извештај од ветеринарот за повредите што ги имаше моето куче. Што требаше да се случи дали требаше кучињата да ме растргнат мене целиот за да се преземат сериозни мерки, истакна Агрон Арифи.
Освен таму Арифи вели дека случајот го пријавил во општинската инспекција.
-Сум бил уште неколку пати во зградата на општинската инспекција за да ги прашам какви мерките презеле тие за да го решат случајот. Сум им кажал дека секојдневно ризикот се зголемува и кучињата секојден стануваа се поагресивни. Инспекторот ми кажа дека не може да ми помогне и дека нема директна комуникација со општинските власти. Оваа не е мој персонален проблем. Од друга страна јас како свесен граѓани и член на одборот на училиштето на 10.10.2022 , пет дена пред да ми се случи нападот на снимката побарав како трета точка во дневен ред, директорот на училиштетот да се обрати до комуналните власти да преземеат мерки и да ги тргнат од периметарот на училиштето, истакна Арифи.
Тој вели дека како жителите во населбата околу гимназијата и ОУ „Истигбал“ постојано се соочуваат со напади од бездомни кучиња и побара поефективно решение од општината, но понуди и помош од негова страна како граѓанин.
-Мене ми е многу жал што општинските власти не можат да ни помогнат како граѓани кога нас ни ризикува безбедноста. Јас можам да им помогнам да ги локализираме и тргнеме агресивните кучиња на почетокот, за да оваа проблематика да почне да се реши. Ако општината се занимава со бирократски процедури наместо на терен да го реши проблемот секој напад од кучињата скитници со последици по граѓаните ќе биде под директна одговорност од градоначалникот и на општина Тетово, рече Арифи.
Градоначалникот на Општина Тетово Билаљ Касами во саботата на прес-конференција рече дека општината работи на справување со проблемот, прифаќа критики, но смета дека има и тенденциозно информирање, креирање невистинита слика, како и соочување со несовесни постапки од граѓаните.
-Таков е примерот од пред неколку дена, во објавено видео на социјалните мрежи во кое не се гледа јасно дали лицето кое го нападнале кучиња, намерно ги испровоцирал или навистина се нашол во незгодна ситуација. Лицето иако тврдело дека неколкупати досега било нападнато, нема поднесено ниту една пријава за напад до општината, Клиничката болница или пак до СВР Тетово, рече Касами во саботата.
Минатата недела се појави видеото на кое се гледа како Арифи се соочува со повеќе бездомни кучиња и се обидува ги оттргне од неговиот миленик. ас/цр