• сабота, 21 декември 2024

Надал: Сега е време да се ставам крај на кариерата која беше поуспешна, отколку што некогаш сум замислувал

Надал: Сега е време да се ставам крај на кариерата која беше поуспешна, отколку што некогаш сум замислувал

Малага, 15 ноември 2024 (МИА) - Шпанецот Рафаел Надал изјави дека претстојното финале на Дејвис купот е најдобро време да ја заврши кариерата.

Надал (38) веќе тренира во Малага, каде следната недела ќе се решава новиот шампион на неофицијалното светско екипно првенство во тенис за мажи.

-Се разбира, не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука. Тешко е и бара време. Но, во овој живот сè има почеток и крај. И мислам дека сега е вистинско време да ја завршам кариерата која беше многу подолга и многу поуспешна отколку што некогаш замислував, изјави 22-кратниот освојувач на Гренс слем титули.

Надал пет пати го освојуваше Дејвис купот - во 2004, 2008, 2009, 2011 и 2019 година - и сега ќе се обиде да го подигне трофејот по шести пат.

-Возбуден сум што мојот последен турнир ќе биде на Дејвис купот, каде што ќе ја претставувам мојата земја. Мислам дека направив цел круг, бидејќи еден од моите омилени моменти во кариерата беше освојувањето на Дејвис купот во 2004 година во Севиља, објасни Надал.

Пред 20 години, тогаш се уште тинејџер, Надал и ја донесе титулата на Шпанија откако во решавачки меч го победи светскиот рекет број 2, Американецот Енди Родик. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан