ППК Зегин Берово со пехари и медали се враќа од турнир во Србија
- Пингпонгарскиот клуб „Зегин“ Берово повторно се враќа дома со медали и пехари, овојпат од турнирот во Сурдулица, Србија. Најсупешен на натпреварувањето како што информираа од клубот со два пехара е Јован Пармачки кој победи во категориите мини кадети и млади кадети, потврдувајќи го својот врвен квалитет и константност.

Сурдулица, 2 август 2025 (МИА) - Пингпонгарскиот клуб „Зегин“ Берово повторно се враќа дома со медали и пехари, овојпат од турнирот во Сурдулица, Србија. Најсупешен на натпреварувањето како што информираа од клубот со два пехара е Јован Пармачки кој победи во категориите мини кадети и млади кадети, потврдувајќи го својот врвен квалитет и константност.
- Бојана Јовевска уште еднаш ја оправда својата репутација, освојувајќи бронза во млади кадетки. Филип Цековски се закити со бронза во мини кадети, а најпријатното изненадување беше Марко Цикарски со освоено сребро во млади кадети, што донесе вистинско Беровско финале во Србија, информираа од ППК Зегин.
Одлична игра како што додадоа од клубот од Берово прикажаа и останатите членови на клубот, заокружувајќи уште еден блескав настап на меѓународната сцена.
- Овој турнир беше еден вид продолжение на претходно одржаниот камп на Власинско Езеро, кој собра 80 кампери од Србија, Бугарија, Македонија, Грција и други земји. Кампот претставуваше уникатна можност за тренинг, дружење и размена на спортски искуства, подвлекоа од ППК Зегин.
Резултатите од Сурдулица според клубот се најдобар доказ за напредокот и трудот на младите пингпонгари од Берово. вс/
Фото: МИА