• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бриџис се согласи на продолжување на договорот со Никс

Бриџис се согласи на продолжување на договорот со Никс

Њујорк, 2 август 2025 (МИА) - Микал Бриџис се согласи на четиригодишно продолжување на договорот со Њујорк Никс. Кошаркарот ќе добие 150 милиони американски долари, објавија американските медиуми.

Дваесет и осумгодишниот Американец би можел да заработи 156 милиони долари, дури и повеќе од ова ако чекаше додека не му истече договорот во летото 2026 година.

Во основниот дел од НБА сезоната 2024/25, Бриџис постигнуваше во просек 17,6 поени по натпревар, 3,2 скока и 3,7 асистенции. 

Во плејофот, неговите бројки беа: 15,6 поени, 4,5 скока и 2,9 асистенции.

Кошаркарот игра за Никс од 2024 година. Тој играше и за Бруклин и Феникс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан