• среда, 28 август 2024

Нагелсман: Извонредно е што има голема конкуренција во Баерн

Нагелсман: Извонредно е што има голема конкуренција во Баерн
Минхен, 4 септември 2022 (МИА) - Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман како многу позитивна ја оцени конкуренцијата во тимот. - Пред почетокот на сезоната решивме да има сериозна конкуренција во Баерн. Би било чудно да имаме поинакво мислење. Мислам дека тоа е важно за секој клуб. Во меѓувреме, сè оди доволно добро. Штом има многу кандидати за место во првиот состав, тогаш нормално е секој да го дава максимумот на тренинзи и на натпревари за да се избори за позицијата „стартер“, изјави Нагелсман. Предводникот на Баварците не е загрижен поради тоа што неговиот тим игра променливо во почетните кола од новата бундеслигашка сезона. Вчера Баерн одигра 1:1 на гостувањето кај Унион Берлин. По пет кола во Бундеслигата, Баерн има освоено 11 бодови и се наоѓа на третото место. Водат Фрајбург и Борусија Дортмунд со по 12 бода. зс/

Остани поврзан