Мјанмар амнестира околу 4.900 затвореници, меѓу кои и политички затвореници
- оената власт на Мјанмар амнестирала околу 4.900 затвореници по повод прославата на традиционалната Нова година, објави денеска државната телевизија МРТВ.

Нејпидо, 17 април 2025 (МИА) - Воената власт на Мјанмар амнестирала околу 4.900 затвореници по повод прославата на традиционалната Нова година, објави денеска државната телевизија МРТВ.
Според независната организација за човекови права, меѓу ослободените има најмалку 22 политички затвореници.
Најмалку 19 автобуси со затвореници го напуштија затворот Инсеин во Јангон, каде од утрото ги чекаа членови на семејства и пријатели. рп/
Фото: ЕПА