• недела, 21 јули 2024

Муцунски - Фидан: Зголемување на трговската размена, привлекување инвестиции и подобра соработката во туризмот

Муцунски - Фидан: Зголемување на трговската размена, привлекување инвестиции и подобра соработката во туризмот

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Унапредување на трговската размена, привлекување инвестиции и подобрување на соработката во областа на туризмот, договорија денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан.

Во телефонски разговор двајцата министри ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји и заложбите за зајакнување на соработка на политичко и економско ниво.  

Во рамки на разговорот, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, стана збор и за сојузништвото и одличната соработка во рамки на НАТО, што беше реафирмирана и на Самитот на Алијансата во Вашингтон. Дополнително, беа истакнати заеднички напори за справување со актуелните безбедносни предизвици и зачувување на трансатлантската стабилност.

Министерот Муцунски се заблагодари за укажаната помош за справување со пожарите во земјава, што претставува дополнителна потврда за солидарноста и долгогодишното пријателство меѓу двете земји. мч/дма/

фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

 

 

 

Остани поврзан