• понеделник, 23 декември 2024

Муцунски на средби со претставници на американските компании „Рамбл", „Кантор Фицџералд" и „Трамп“ корпорација за медиуми и технологија

Муцунски на средби со претставници на американските компании „Рамбл

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вчера и денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска Давкова, оствари средба со Крис Павловски, основач и извршен директор на интернационалната компанија „Rumble“, Хауард Лутник, основач и извршен директор на една од водечките финансиски корпорации во САД „Cantor Fitzgerald“ и со Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и сегашен извршен директор на Трамп корпорацијата за медиуми и технологија.

На средбите, како што соопшти МНР, се разговараше за можностите за соработка во дигиталниот сектор и дигиталните реформи што треба да ги спроведе земјава за да се подобрат услугите кон граѓаните.

-Разгледани беа и повеќе можности за унапредување на економската соработка и зајакнување на бизнис врските меѓу двете земји. Воедно, беа  презентирани и поволностите кои земјава ги нуди за странски инвеститори, при што беше изразено заемно уверување дека бројот на инвестициите од САД во земјава ќе се зголемува. Токму зајакнувањето на соработката во областа на економијата и привлекувањето инвестиции е на линија на приоритетите предвидени со Стратешкиот дијалог со САД, на што земјава ќе работи во периодот што следи, наведува МНР. мч/дма/

фото: МНР

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан