• понеделник, 23 декември 2024

МотоГП: Откажана трката за ГН на Индија

МотоГП: Откажана трката за ГН на Индија


Њу Делхи, 29 мај 2024 (МИА) – Овогодишната трка за Големата награда на Индија во МотоГП е откажана поради оперативни причини, соопштија денеска организаторите, додавајќи оти трката ќе се врати во календарот за 2025 година.
Минатогодишната премиерна трка во Индија се одржа во топли и влажни услови во септември и беше скратена за три круга откако возачите побараа приспособување на растојанието на трката.
„ФИМ, ИРТА и Дорна спортс објавуваат дека Големата награда на Индија нема да се одржи во 2024 година и Мото ГП го одложува своето враќање во земјата за почетокот на 2025 година поради оперативни причини“, се вели во соопштението на МотоГП.
Големата награда на Индија е третата трка која се одложува оваа сезона – Големата награда на Казахстан беше одложена поради лоши временски услови и поплави во Централна Азија, додека ГП на Аргентина беше одложена поради економската криза во земјата.
Големата награда на Казахстан, сепак, треба да се вози оваа сезона во своето премиерно издание, токму за време на трката за Големата награда на Индија во септември. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан