• среда, 16 октомври 2024

Молина: Гризман и Лорис беа воодушевени што Бензема ќе го пропушти Светското првенство, никогаш не го прифатија неговото враќање во репрезентацијата

Молина: Гризман и Лорис беа воодушевени што Бензема ќе го пропушти Светското првенство, никогаш не го прифатија неговото враќање во репрезентацијата

Париз, 20 декември 2022 (МИА) - Некои фудбалери на француската репрезентација се израдуваа поради отсуството на Карим Бензема од Светското првенство во 2022 година.

Според новинарот Ромен Молина, на напаѓачот Антоан Гризман и на голманот Уго Лорис им било мило што Бензема нема да биде дел од Франција на Светското првенство во Катар.

-Овие играчи „никогаш не го прифатија неговото враќање“ во репрезентацијата, бидејќи се сметаат себеси за лидери, објави Молина.

Вчера напаѓачот на Реал Мадрид објави дека се повлекува од француската репрезентација. Бензема одигра вкупно 97 натпревари за Франција и постигна 37 гола. зс/

Остани поврзан