• понеделник, 23 декември 2024

МОК предложи Бах да се избере за трет мандат

МОК предложи Бах да се избере за трет мандат

Мумбај, 15 октомври 2023 (МИА) - Неколку членови на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) предложија да се избере актуелниот претседател на организацијата, Томас Бах, за трет мандат.

Предлогот беше изнесен од Алжирецот Мустафа Бераф за време на редовната седница на ИОК, што се одржува викендов во Мумбај, Индија. Него го поддржаа Парагваецот Камило Перез Лопез Мореира и Доминиканецот Луис Мехија Овиедо.

-Во име на олимписките комитети на африканските земји, предлагаме да се направат промени во релевантните документи за Томас Бах да биде реизбран во трет мандат како претседател на ИОК, бидејќи под негово водство организацијата успешно минува низ тешки времиња, изјави Бераф.

Потпретседателот на МОК Џон Коутс истакна дека овој предлог, кој вклучува промена на Олимписката повелба, може да биде поднесен на разгледување од страна на извршниот комитет на организацијата.

Бераф, исто така, предложи да им се дозволи на Русите и Белорусите да учествуваат на Олимписките игри, но под одредени услови.

Бах е на чело на МОК повеќе од 10 години. Шеесет и деветгодишниот Германец прв пат беше избран за претседател на организацијата на 10 септември 2013 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан