Млади енергетски скаути и во македонските компании
- Младите во државава ќе добијат можност да станат енергетски скаути за заштеда на енергија во фрмите во кои се вработени преку проектот Young Energy Europe што го претстави денеска Делегацијата на германското стопанство во Македонија АХК Северна Македонија. Ќе поминат обуки како да ја зголемат енергетска ефикасност во матичните компании, по што ќе дизајнираат и спроведат сопствен проект, кој треба да го применат, а ќе биде презентиран пред комисија во Германија.
Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Младите во државава ќе добијат можност да станат енергетски скаути за заштеда на енергија во фрмите во кои се вработени преку проектот Young Energy Europe што го претстави денеска Делегацијата на германското стопанство во Македонија АХК Северна Македонија. Ќе поминат обуки како да ја зголемат енергетска ефикасност во матичните компании, по што ќе дизајнираат и спроведат сопствен проект, кој треба да го применат, а ќе биде презентиран пред комисија во Германија.
Хана Лохте, одговорна за проектот на глобално ниво од Германската комора за индустрија и трговија во Берлин, на презентацијата на проектот во Европска куќа во Скопје истакна дека младите професионалци стануваат енергетски скаути со учество на брз курс со обука на работно место за типична тема поврзана со енергетска ефикасност и ефиканост на ресурсите.
Големата предност е што не ви треба посебно знаење да учествувате во овие обуки. Обуката покрива типични теми за потенцијали за заштеди во фирмите. Учесниците учат како да користат мерни инструменти, што е многу важно затоа што по обуката овие млади професионалци во своите фирми ќе бидат еден вид извидници за потенцијалите за заштеди за кои ќе развијат конкретни практични проекти согласно потребите во нивните фирми. Ќе имаат два месеца да го развијат проектот, да се вратат во својата група и да се натпреваруваат во својата земја, но и пошироко. Најдобрите прокети ќе бидат наградени, сите што се вклучени во ова ќе имаат добивка, рече Лохте.
Проектот досега е успешно имплементиран во Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Словачка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
-Обучивме 1100 енергетски скаути кои развија 500 практични проекти, кои доведоа до потенцијална заштеда од 165 илјади мегавати годишно и намалаување на емисии на 150 илјади тони ЦО2. Се радуваме и очекуваме да бидат вклучени македонски проекти на овој список, наведе Лохте.
Проектот финансиски е поддржан од германското Министерство за економија и климатски активности, преку Европската климатска иницијатива. Целта е да се зголеми свесноста на компаните за заштеда на енергија но и за образување на млади продфесионалци кои ќе бидат движечка сила кон ефиксни и одржливи компании.
Директорката на АХК Северна Македонија, Антје Ванделт, порача дека на младите вработени им се дава можност да придонесат во одржливоста на своите фимри.
- Со оваа обука младите ќе можат да ги откријат своите потенцијали и да дефинираат конкретни решенија за нив. Фирмите во Северна Макеоднија се соочуваат со големи предизвици кога се работи за достигнување на сегашните одржливи предизвици. Соочувањето со овие преизвици е суштинско за македонските фирми со цел да останат конкурентни на европските пазари. Исто така кога говориме за финансирање на фирмите и нови прокети овие барања ќе станат стратешки, рече Ванделт.
Посочи дека сите сакаме да ги задржиме младите кадри во државата и оти за нив денес е важно колку е одржлива нивната фирма и каков придонес таа може да даде во заштитата на животната средина.
Заменикот германски амбасадор, Јан Фос, укажа на зголемените енергетски трошоци по руската инвазија на Украина кои како што посочи ги чувствуваат и фирмите во државава и потребата од заштеда. Во Македонија има уште поголем потенцијал да се заштеди енергија. Германското Министерство за економски прашања и климатска заштита троши пари на даночните обврзници во други земји да ја рекламира оваа идеја за заштеда на електрична енергија и ова е многу мал дел од оваа голема акција, рече Фос.
Порача дека успехот зависи од фирмите што ќе се вклучат во проектот и оти напорите за енергетска заштеда ќе им помгнат да бидат поконкурентни на пазарот.
- Во реалноста вие сте тие кои тоа ќе го направите. Не се работи само за убава зелена боја во вашите фирми, туку и за пари. Ако правите напори за енергетска заштеда вашата фирма ќе заштеди пари, рече Фос. лв/нд/
Фото: МИА