• сабота, 18 јануари 2025

Мицотакис: Европа да одвои повеќе европски ресурси за својата одбрана

Мицотакис: Европа да одвои повеќе европски ресурси за својата одбрана

Атина, 19 декември 2024 (МИА) – Грција беше протагонист во обликувањето на поактивна одбранбена политика на Европската унија. За овие прашања ќе имаме можност да разговараме и на вонредниот Самит во февруари, но за мене е апсолутно јасно дека Европа треба да одвои повеќе европски ресурси за својата заедничка европска одбрана, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по пристигнувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи „она што првпат беше формулирано од Грција пред неколку месеци, и изгледаше можеби како многу далечен сон, сега почнува да се третира со чувство на итност од многу европски земји“.

Грчкиот премиер се осврна и на ситуацијата на Блискиот Исток, објаснувајќи дека ќе ги информира неговите колеги за посетата на Либан, но и истакна дека за Сирија она што е најважно во моментов е да се гарантира територијалниот интегритет на земјата и дека новата Влада „пред сè е инклузивна Влада која ќе ги поддржува и штити правата на верските малцинства“.

- Јасно е дека во оваа дискусија Европа треба да има обединет став, а Грција ќе има одлучувачка улога во обликувањето на европскиот пристап кон прашањата што се однесуваат на Сирија, додаде Мицотакис. ср/ми/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан