• петок, 21 февруари 2025

Во Азербејџан почнаа судења на поранешни сепаратисти од Нагорно Карабах

Во Азербејџан почнаа судења на поранешни сепаратисти од Нагорно Карабах

 

Баку, 17 јануари 2025 (МИА) - Судењето на поранешни сепаратисти од отцепениот регион Нагорно-Карабах, над кој Азербејџан ја врати контролата во 2023 година, започна денеска во Баку зад затворени врати.

Најистакнат од обвинетите е милијардерот поранешен банкар Рубен Вардањан, а им се суди на уште 15 поранешни функционери во Нагорно Карабах.

Вардајан, кој направи богатство во Русија пред да биде избран во сепаратистичката влада на Нагорно-Карабах од крајот на 2022 година до февруари 2023 година, изјави дека не е виновен за обвиненијата и дека обвиненијата против него и неговите сонародници се политички мотивирани. зш/

Остани поврзан