Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето
- - Продолжува да расте просечната плата и покрај тоа што многумина политички глодари од позиција на опозиција, ја напаѓаа Владата дека била против растот на платите. Еве, гледате дека растат. Очекувам да продолжи економската консолидација. Имавме два супер успешни квартали, четвртиот и третиот квартал од минатата година. За првпат забележавме раст после долго време од три проценти и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи во овој прв квартал од оваа година, истакна претседателот на Владата, на новинарско прашање при посетата на Радовиш.

Радовиш, 24 март 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува да продолжи растот на економијата и во првиот квартал, по позитивните резултати во претходните два квартала. Посочува дека расте просечната плата и оти пензионерите ќе добијат зголемени пензии, како и дека наследените проблеми во земјоделството се надминати.
- Продолжува да расте просечната плата и покрај тоа што многумина политички глодари од позиција на опозиција, ја напаѓаа Владата дека била против растот на платите. Еве, гледате дека растат. Очекувам да продолжи економската консолидација. Имавме два супер успешни квартали, четвртиот и третиот квартал од минатата година. За првпат забележавме раст после долго време од три проценти и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи во овој прв квартал од оваа година, истакна претседателот на Владата, на новинарско прашање при посетата на Радовиш.
Тој нагласи дека од први април ќе пораснат и пензиите.
-Нови две и пол илјади денари линерано зголемување за пензионерите, тоа што го ветивме првата година, ќе го реализираме за девет месеци. И во суштина за овие девет месеци, направивме многу убави работи, што дел ги ветивме, дел ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата, мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави денови доаѓаат за Македонија и за македонската економија, нагласи Мицкоски.
На новинарско прашање како тече исплатата на субвенциите во земјоделството премиерот одговори дека во оваа област бил наследен тотален хаос и во делот на откупот, исплатата на субвенциите и на личните доходи во неколку акционерски друштва во сопственост на државата, но и јавни претпријатија.
- Сето тоа успеавме во овие девет месеци да го санираме, долговите да ги вратиме и тековните исплати да течат без проблем. Од она што го добивам како порака од земјоделците од овој регион, има одредено шпекулативно однесување кај откупувачите на зелка, сабајлево разговаравме со министерот за земјоделство и рече дека денеска и тој ќе биде тука. Тоа што е важно за овој регион и Конче, е дека има рекордна цена на тутунот постигната како никогаш досега, 400 денари по килограм откупната и 100 денари субвенција. Оваа година, цената ќе биде уште поголема, според информациите што ги добивам од договорите. Така што, како Влада остануваме фокусирани и меѓу другите приоритети, приоритет ќе ни бидат и земјоделците, додаде Мицкоски. свд/лв/
фото:Влада