Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет, не знам кој глас треба да допре до ЈО за да постапи
- - Континуирано добивам информации за тоа што се случува во Судскиот совет. Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсифкувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи. Но, затоа веднаш допре гласот за ТОЕФЛ на Бојан Хрстовски. Кога СДСМ излезе од говорницата, истиот момент тој глас допре кај Гаврил Бубевски. Веднаш таа фреквенција стигнува до него и тој беше спремен веднаш, но кога треба да се постапува, тогаш треба медицински третман за симптомите со кои излегува во јавноста и ги опструира акциите на истражните органи, рече Мицкоски.
Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вечерва од собраниската говорница рече дека има неколку стотици случаи од Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција кои се наоѓаат во Обвинителството за постапување и дека по нив не се постапува.
Одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека таму има луѓе кои не ги интересира правдата, туку дека тие се заробеници на некого.
- Континуирано добивам информации за тоа што се случува во Судскиот совет. Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсифкувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи. Но, затоа веднаш допре гласот за ТОЕФЛ на Бојан Христовски. Кога СДСМ излезе од говорницата, истиот момент тој глас допре кај Гаврил Бубевски. Веднаш таа фреквенција стигнува до него и тој беше спремен веднаш, но кога треба да се постапува, тогаш треба медицински третман за симптомите со кои излегува во јавноста и ги опструира акциите на истражните органи, рече Мицкоски.
Додаде дека е потребно да се преземе акција и дека ќе биде преземена без разлика колку политички куршуми ќе прими. бак/ев/
Фото: МИА архива