• вторник, 12 ноември 2024

Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка

Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што изјави Мицкоски, дефинирани се и цените. 

Според премиерот, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките.

-Продолжуваме понатаму. Од тоа што сум информиран од минстерот за економија, остварена е комуникација со комроите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените. Работиме и тоа се гледа од извештаите што ги објавува Државниот завод за статистика. Видовте дека по не знам колку време, месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти, односно сме во дефлација кога ќе се споредат октомври и септември. Жал ми е што од опозицијата тоа беше критикувано, но бројките се немилосрдни. Ефектите од мерката граѓаните може да ги почувствуваат и се гледа во бројките, октомври има намалување, нема веќе инфлација, туку има дефлација од -0,7, а беше 0,3 отсто во септември во однос на август. Сега имаме еден процент надолу што е заштеда од 1 000 до 1 300 денари, но тоа не е доволно, ќе продолжиме да работиме. Не можеме се веднаш и преку ноќ, но важно е да се гледа дека работиме, граѓаните да сфатат дека има генерација политичари кои сакаат да работат, веќе петти месец правиме се што можеме за животот на граѓаните да им биде подобар, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на три патни правци кај Велес.

Мицкоски беше придружуван од заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, како и од Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). мч/сст/

фото: принт скрин

 

Остани поврзан