• сабота, 23 ноември 2024

Митрополит Андреј: Мајката Црква во Република Северна Македонија

Митрополит Андреј: Мајката Црква во Република Северна Македонија
15 мај 2022 romfea.gr Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19 и 20 век, по создавањето и граничното одредување на националните држави на Балканот, со Патријаршиски и Синодални Томоси создаде автокефални Цркви (Грција, Србија, Романија, Бугарија, Албанија). Тие автокефални Цркви ја опфаќале областа на една конкретна национално-државна единица. Доколку се случело да се прошират државните граници, Мајката Црква на автокефалната Црква ѝ доделувала црковна јурисдикција врз новите области, кои се додавале на државните граници, како што се случи со Јонските Острови во 1866 година и со Тесалија во 1882 година кај нас. Доколку се создаде и признае една нова држава во црковната јурисдикција на една автокефална Црква што Вселенската Патријаршија со Томос ја создала, признала и доделила -говорам за Северна Македонија- тогаш територијата на новата држава се враќа во канонската јурисдикција на Вселенската Патријаршија. На Мајката Црква, Вселенската Патријаршија, ѝ се враќа духовната и канонската одговорност за уредување на црковните работи во новата независна држава. Тоа важи и во случај кога една држава која има Томос за автокефалија, од која било причина престане да постои. И во тој случај, географското владение на државата се враќа на Мајката Црква, која ги има доделено тие области и ја создала конкретната автокефалија за таа држава. Издавањето на Томос за создавање на национални автокефални Цркви претставува црковна работа и дело, но не се завршува еднострано. Се доделува со согласното мнение или содејство на највисоката политичка власт на секоја национална држава. Се подразбира дека, како што политичката власт на Србија не е овластена самоволно да интервенира во државните работи на Северна Македонија, од истата причина и Црквата на Србија нема канонски права, ниту црковна јурисдикција на територијата на таа меѓународно признаена нова држава, која е „најмалото дете“ меѓу балканските држави. „И настана идентитет и држава национална“ (27.01.2019) – напишав по Договорот од Преспа. Следствено, во рамките на својата канонска грижа и одговорност, Вселенската Патријаршија ја прифати „во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт… Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија)“, и тоа затоа што Охридската Архиепископија во епохата на империите се имаше проширено и на териториите на денешните владенија на Бугарија, Србија и Грција. Текст на Високопреосвештениот Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано – Професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун, г. Андреј (Нанакис)

Остани поврзан