Министерство за здравство во Газа: Починале уште 30 лица, вкупно 39.175
- Министерството за здравство на владата на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека 30 лица загинале на територијата во претходните 24 часа.
Газа, 25 јули 2024 (МИА) - Министерството за здравство на владата на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека 30 лица загинале на територијата во претходните 24 часа.
Од почетокот на војната со Израел пред повеќе од девет месеци, загинаа вкупно 39.175 луѓе.
Министерството наведува дека 90.403 лица биле ранети во Појасот Газа за време на војната од 7 октомври минатата година. паг/
Фото: ДПА