Министерот Тошковски во посета на СВР Тетово
- На состанокот, како што сооптши МВР, министерот Тошковски, побарал од раководството на СВР Тетово во претстојниот период да се постапува максимално професионално, во рамки на утврдените правила и законски прописи, за да се овозможи спроведување мирни и демократски избори
Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска го посети Секторот за внатрешни работи Тетово каде одржа работен состанок со раководството. На состанокот, како што сооптши МВР, министерот Тошковски, побарал од раководството на СВР Тетово во претстојниот период да се постапува максимално професионално, во рамки на утврдените правила и законски прописи, за да се овозможи спроведување мирни и демократски избори.
Од страна на раководството на СВР Тетово беа презентирани информации за тековната работа на Секторот и позначајните настани, при што беше истакнато дека генерално безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива Секторот е стабилна.
Во однос на претстојните избори, началникот на СВР Тетово истакна дека не треба воопшто да се доведува во прашање професионалноста на полициските службеници и дека ќе преземе се што е во негова надлежност со цел изборниот процес да помине во мирна и демократска атмосфера. мч/ев/
фото: МВР