• петок, 21 февруари 2025

Министерката за финансии дојде на протестот на сметководителите

Министерката за финансии дојде на протестот на сметководителите

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска  неочекувано и ненајавено дојде на протестот што го одржуваа професионалните сметководители на кои, како што тие тврдат, им е одземено правото на работа. 

- Треба да се најде фер решение, напишете ми ги писмено сите забелешки и доставете ми ги, им порача министерката на сметководителите.

Таа ги покани да влезат и во архивата на Министерството да ги остават сите документи.

Протестот се одржува пред Министерството за финансии. Сметководителите повторија дека бараат оние што се времено избришани од регистарот да можат да ги потпишуваат годишните сметки за 2024-та и законски измени со кои на ИСОС ќе му се одземат или строго ограничат ингеренциите за контрола на квалитет. мч/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан