Милошевска: Во Сопиште, СДС и Филипче кандидираат човек од друга општина
- СООПШТЕНИЕ: Во Сопиште СДС и Филипче кандидираат човек од друга општина. Дотолку се слаби во Сопиште СДС и Филипче, што знаат дека ќе ги изгубат изборите уште во првиот круг со огромна разлика, па затоа го кандидираа Ѕвонко Васев.
Скопје, 7 јули 2025
Во Сопиште СДС и Филипче кандидираат човек од друга општина.
Дотолку се слаби во Сопиште СДС и Филипче, што знаат дека ќе ги изгубат изборите уште во првиот круг со огромна разлика, па затоа го кандидираа Ѕвонко Васев.
Ѕвонко Васев е човек кој не ја знае Општина Сопиште. Не може општина да води човек кој нема пораснато, творено и живеено подолг временски период во Сопиште.
Што СДС и Филипче, преку Ѕвонко Васев ќе понудат во Сопиште? Ги знае ли Васев улиците? Знае ли каде се наоѓа општината? Знае ли кои се предизвиците со кои се соочува Сопиште? Знае ли Васев што ќе ги лаже жителите на Св.Петка, Чифлик, Ракотинци, Долно Соње?
Сопиште не заслужува импровизиран кандидат без визија, без знаење, без одговорност, Сопиште заслужува само продолжување на работата која со години ја градиме.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=ezp3E8WlN6U
https://www.swisstransfer.com/d/aecf60a5-62fc-4d38-bcc6-a5464c564010
Прес-конференција на Анастасија Милошевска
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки