Потпишан Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари
- -Денеска потпишавме меморандум за разбирање со Американско-британската компанија Бурсток, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток, објави Мицкоски на Фејсбук.
Лондон, 22 октомври 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан - Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија.

-Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток', која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток, објави Мицкоски на Фејсбук.
Тој додаде дека очекуваат во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од една милијарда долари.
-„Бурсток“ има долгогодишно искуство во областа на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, обуката, консултантски услуги и управување со проекти, како и специјализирана во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор, додаде Мицксоки во објавата. ац/дма/
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски