• петок, 05 декември 2025
МИА Флеш

23 мај 2025 

Скопје - Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на Буџетот на Република Северна Македонија, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство.

Скопје - Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во Скопје, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил.

-Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија. Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на унијата, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите, објави Муцунски.

Скопје - Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 лица земјоделци, соопштија денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во соопштението се наведува дека За МЗШВ приоритет е редовното сервисирање на субвенции кон земјоделците.

- Денеска се реализираше исплатата на подмерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, се подвлекува во соопштението.

Скопје - Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата по поведена прекршочна постапка донела решение за изрекување прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија заради давање неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда Комисијата за одлучување по прекршок.

Како што се наведува во денешното соопштение од Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата по допрен глас повела постапка против Сојузот на стопански комори и против четири големи ланци на маркети заради постоење на сомневање за картелско здружување што е строго забрането согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата.

Скопје - Под влијание на влажен бран утре и во недела ќе има врнежи од дожд проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70км/ч). Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне од 30 до 50л/м2 дожд, соопшти УХМР.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање, особено во недела и почетокот на следната седмица. Во Скопје, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, повремено пороен проследен со појава на грмежи и засилен северен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

 

Брисел – Во градот Дејтон во американската сојузна држава Охајо денеска започнува четиридневната Пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, на која главни теми ќе бидат зајакнувањето на мирот на Балканот, обезбедувањето праведен и траен мир во Украина и засилувањето на Алијансата. 

Во пресрет на сесијата, претседавачот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело истакна дека покрај дебатата за овие три клучни приоритети, на сесијата ќе бидат усвоени и политички препораки за Самитот на Алијансата, што ќе се одржи кон крајот на следниот месец во Хаг.  

Москва – Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека изминатите три дена соборени се вкупно 756 украински дронови.

Украинската армија, откако рускиот претседател Владимир Путин одби примирје, од вечерта на 20 мај до утрово непрекинато ја напаѓаше Русија со беспилотни летала. Тоа е најдолг и најинтензивен украински напад со дронови врз Русија.

- Од 20 часот по московско време на 20 мај до осум часот наутро на 22 мај соборени се 485 дронови, од осум до 20 часот на 22 мај соборени сè уште 159, а од 20 часот на 22 мај до седум часот наутро на 23 мај соборени се дополнителни 112 беспилотни летала, се наведува во соопштението на руското МО.

Тел Авив – Уште 107 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Појасот Газа, соопштија денеска израелските власти.

Камионите кои превезувале брашно, храна, медицинска опрема и лекови вчера влегле во појасот, соопшти израелската управа за палестински прашања, COGAT, пренесе ДПА.

Израел во понеделникот ја укина блокадата на испораките на помош за Појасот Газа. Пред тоа, не дозволуваше никакви испораки од почетокот на март, обвинувајќи ја палестинската исламистичка група Хамас дека ги препродава залихите за да ги финансира своите борци и оружје.

Остани поврзан