• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Флеш

Скопје - Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување од функцијата Јавен обвинител на РСМ поднесен од Владата. Седницата, како што информираше претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, е одложена поради немање на кворум - отсуство на тројца членови и за се понатаму јавноста ќе биде дополнително информирана. 

Предлогот за разрешување на државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски е втора точка на дневен ред на 22 седница, која првично беше закажана за 18 март, но Советот ја одложи поради седумдневна жалост прогласена по трагедијата која се случи во Кочани. Роковите за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски се уште течат и Советот ќе треба да го разгледа предлогот најдоцна следната недела.

Скопје - Бројот на пациенти кои се лекуваат во странство во моментов е 113, а се очекува во текот на денот да се вратат уште пет пациенти кои беа повредени во пожарот во дискотеката во Кочани - четири од Шпанија и еден од Грција, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Арбен Травари.

-За оние кои се лекуваа надвор од државата имаме добри вести. Денеска веќе не се бројка 115 туку 113 што се лекуваат. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција, со тоа до крајот на денот 108 пациенти ќе бидат на лекување во странство, рече Таравари на прес-конференцијата.  Тој додаде дека најавени се уште четири пациенти за враќање, но за тоа утре дополнително ќе информираат.

Скопје - Црвениот крст денска соопшти дека со исплатата на собраните средства за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани, досега вкупно се опфатени 58 семејства на починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош, како и 99 семејство на повредените кои се хоспитализирани во болниците надвор од државава. За секое лице се исплатени по 150.000,00 денари.

За две семејства на починатите лица и 16 семејства на повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата. Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 65.978.726,00 денари, информираат од Црвениот крст.

Скопје – Како Влада наша обврска пред се е безбедноста на граѓаните и да го исправиме или да го поставиме на здрави нозе овој комплетно дерогиран систем кој е граден во изминатите 30 години во нашата држава, порача министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Нагласи дека безбедноста на граѓаните е пред се и над се за Владата и додаде дека во таа насока по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се прават проверки не само на јавните објекти, туку и на сите угостителски објекти, станбени блокови.

-За жал времето беше кратко и не можевме секаде да стигнеме и да исправиме, меѓутоа сме во добра насока да смениме многу работи во иднина. На оние објекти каде што ќе се увиди дека има некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат за да може да биде гарантирана безбедноста на сите корисници, изјави Перински. 

Скопје - Обвинетиот Боре Видевски и денеска ги негираше исказите дадени во обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче. На судењето во Основниот кривичен суд во Скопје тој денеска одговараше на прашања на обвинетиот Палевски и на судечкиот совет. Претходно, обвинителките ги прочитаа неговите искази дадени во текот на истрагата во декември 2023 година во кои во едниот Видевски ги признава злосторствата, а потоа вели дека бил под тортура и присилен да го каже тоа.

Обвинетиот Видевски одговарајќи на прашања на Палевски денеска изјави дека ги негира сите наводи изнесени пред обвинителството. На прашањето дали некој полицаец или обвинител го прашал за поседување оружје, тој одговори: „Мислам дека не, поточно, сигурен сум дека не ме праша.“ Во врска со фотографијата од Панче Жежовски, која според обвинителството му била испратена од Велибор Манев, Видевски изјави: „Кој било може да ми прати слика по грешка што нема врска со мене, така што игнорирам многу работи така.“ 

Скопје – Министерството за локална самоуправа и општина Ѓорче Петров денеска официјално го промовираа проектот „Приказната продолжува“ за изградба на Регионален центар за рехабилитација и ресоцијализација на деца излекувани од малигни заболувања, преку реновирање и адаптација на старото основно училиште во скопското село Кучково.

Објектот е на површина од 650 квадратни метри и има капацитет за престој на 20 деца со придружба на еден родител во комплетно опремени простории и училници за он-лајн образование, за физикални вежби, соба за психо-социјални работилници, а има и соби за игра и „мирна соба“ за рехабилитација. Во завршна фаза е уредувањето на просториите и хортикултурното уредување на дворот по што официјално ќе биде пуштен во употреба.

Софија - Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска изјави дека барањето за гласање недоверба на Владата е една нормална парламентарна пракса. „Што се однесува до самата форма на гласање недоверба, тоа е сосема нормална парламентарна практика“, коментираше таа пред новинарите.

Посочи дека отсекогаш била „за“ оваа практика. „Можеби нема да има краен резултат за соборување на Владата, но во голема мерка се слушаат различни мислења при дискусијата за важни актуелни прашања“, додаде Јотова.

Атина – Министерството за енергетика и животна средина на Грција го прифати изразениот интерес од американската компанија „Chevron“ за вршење истражување за јаглеводороди во два блока во морскиот дел јужно од островот Крит, соопштија од Министерството, што според нив е „уште една важна разврска што ги зајакнува напорите на земјата за искористување на националните енергетски ресурси“, јави дописничката на МИА од Атина. 

Зеленото светло од Министерството се однесува на изразениот интерес за блоковите Јужен Крит 1 и Јужен Крит 2, а дополнително ќе бидат издадени соодветно решение со кое, меѓу другото, ќе се прецизираат точните координати, видот на договорот и објавувањето на меѓународен тендер. 

Загреб - Хрватска нема да брза во „коалицијата на подготвените“, изјави денеска министерот за одбрана Иван Анушиќ по враќањето од официјалната посета на Франција.

„Не се говори за испраќање војници кои таму борбено би дејствувале, станува збор за мировни сили кои би биле во служба на зачувување на мирот. Хрватска не е таа што ќе брза во таа насока, ниту пак Хрватска има намера да испрати свои војници“, рече Анушиќ, додавајќи дека нема да шпекулира повеќе за тоа. Тој рече дека за тоа ќе одлучуваат премиерот и претседателот на државата, но и хрватскиот Сабор.

Анкара - Членови на највлијателната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) доставија документи кои се основа за истрага за корупција и криминални активности на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е од нејзините редови, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во своето обраќање тој ја обвини опозицијата за вандализам на улиците и напади врз полицијата. „Никогаш не сме ги заборавиле и нема да ги заборавиме тие кои се обидуваат да не победат со нелегитимни средства и тие кои се толку очајни што ја туркаат државата во конфликт“, рече турскиот претседател во своето обраќање.

Ереван - Ерменскиот парламент го усвои нацрт-законот за започнување на процесот за пристапување на кавкаската земја во Европската унија (ЕУ).

Законот, усвоен во последното читање со 64 гласа „за“ и седум „против“,  ја повикува ерменската Влада да го иницира процесот. Во ова поранешна советска република расте недовербата кон Русија, историскиот сојузник кој сè уште одржува воена база на ерменска територија.

Киев - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 117 руски беспилотни летала ја нападнале земјата синоќа, гаѓани биле градовите и инфраструктурата.Според него, повеќето од беспилотните летала биле од типот „Шахед“, а голем број од нив биле соборени од украинските одбранбени сили.

Зеленски објави на Икс дека во рускиот напад се погодени Дњепар, Суми, Черкаси и други региони. Најголемиот напад беше на Криви Рог, каде цел беа локални индустриски капацитети и цивилна инфраструктура.

Москва - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека враќањето на руските енергетски испораки за Европа е во интерес и на Москва и на Вашингтон, тврдејќи дека се водат разговори за гасоводот Северен тек.

-Во моментов, се разбира, има несогласувања. Но, интересот за враќање на нормалното снабдување со енергија во Европа не е само интерес на САД и Русија, рече Лавров. „Се зборува за Северен тек. Би било интересно ако Американците го искористат своето влијание врз Европа и ја принудат да не се откаже од рускиот гас“, тврди тој.

Москва - Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е задоволна од конструктивниот и ефективен дијалог со САД и дека контактите со американската страна се „интензивни и продуктивни“.

Песков потврди дека е на сила наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за мораториум на нападите врз украинскиот енергетски систем. По постигнувањето договор со американскиот претседател Доналд Трамп на 18 март, конфликтните страни да се воздржат од напад на енергетски објекти, Путин и дал „соодветна наредба на руската војска“.

Вашингтон – Украинските сили ќе се борат дури и „со голи раце“ доколку не добијат услови прифатливи за траен мир, изјави директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, за време на сослушувањето во американскиот Сенат.

-Сакам да кажам дека во однос на украинскиот отпор, украинскиот народ и украинската војска се потценети веќе неколку години. Од разузнавачка гледна точка, убеден сум дека тие ќе се борат со голи раце ако треба, ако немаат услови кои се прифатливи за траен мир, рече Ретклиф. Овој потег доаѓа во време на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува за прекин на огнот и поширок мировен договор меѓу Русија и Украина.

Вашингтон - Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, испрати писмо во име на Демократската партија до претседателот Доналд Трамп и неговите високи функционери, во кое го повика Министерството за правда да истражи како новинар случајно бил вклучен во групата за дискусија на апликацијата Сигнал за воени планови.

Претставници на администрацијата на Трамп тврдеа дека не биле споделени доверливи материјали во групниот разговор на Сигнал. Демократските сенатори изразија сомневање, истакнувајќи дека новинарот Џефри Голдберг, главен уредник на „Атлантик“, известил дека секретарот за одбрана Пит Хегсет ги изложил оперативните детали за претстојните напади врз јеменските Хути, кои се сојузници со Иран, „вклучувајќи информации за цели, оружје, напади што САД ќе ги користат и редоследот на нападот“.

Газа – Хамас денеска соопшти дека израелските заложници што ги држи во Газа би можеле да бидат убиени доколку Израел се обиде да ги ослободи насилно и ако продолжат нападите на палестинската територија.

Палестинското исламистичко милитантно движење во соопштение наведе дека прави „се што е можно за да ги одржи во живот заробениците, но неселективното ционистичко бомбардирање ги става нивните животи во опасност“.

„Секогаш кога окупацијата се обидува да ги врати своите заробеници со сила, на крајот ги враќа во ковчези“, додаде Хамас.

Остани поврзан