
3 март 2025
Скопје - Вработени во Македонската филхармонија денеска одржаа протест пред Министерството за култура и туризам, затоа што се сомневаат на потенцијална департизација во однос на изборот на директор на оваа институција.
На денешниот протест, Владимир Лазаревски од Синдикалната организација на вработените во Македонската филхармонија изјави дека на конкурсот за директор на Македонската филхармонија треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат.
Скопје - Неопходно е да се воспостават закони и механизми кои ги штитат и поддржуваат правата на жените, вклучително и оние со попреченост. Европската унија ќе продолжи да работи заедно со властите, граѓанското општество, локалните заедници овде во Северна Македонија, за да се осигури дека ниту една жена, ниту една девојка, без разлика дали е со попреченост или не, ќе остане без да има еднакви можности, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас во Велес на националната конференција „Заедно сме посилни“, во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.
Како што посочи Рокас во своето обраќање, изградбата на поинклузивно општество бара широк опсег на активности, од инвестирање во пристапна инфраструктура, до обезбедување еднаков пристап до образование, здравствена заштита, вработување или социјални услуги.
Скопје - Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во текот на денов ќе провери што се случува во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и доколку навистина се утврди дека вработените таму не земале плата еден или два месеца, ќе поднесе соодветни пријави.
Како што истакна претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, ако треба, ќе се поднесуваат пријави до инспекторатите против инспекторатите.
Скопје - Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од поноќ се намалуваат за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 77,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 79,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72,00, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 71,50 денари за литар.
Скопје - Дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.
ССМ бара и за дополнителното зголемување на нето платата од 6 000 денари работодавачите од приватниот сектор една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно придонесите да ги субвенционира државата, како и дополнителното зголемување на нето платата од 6 000 денари да биде задолжително и за работодавачите од приватниот сектор кои исплаќаат плата и над износот на минималецот.
Скопје - Бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9 562, а најголем број, 2 149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници, објави денеска Државниот завод за статистика.
Следуваат групите Работници во услужни дејности и продажба со 2 074 слободни работни места, Елементарни занимања,1 638, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1028, Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 851, Техничари и сродни занимања, 1 016, Службеници, 744. Евидентирани се и 44 слободни работни места во групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори, како и 19 во групата Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.
Киев - Претседателот на Советот на резервните трупи на копнената армија на вооружените сили на Украина, Иван Тимочко, ја критикуваше идејата за едномесечен прекин на огнот меѓу Украина и Русија, оценувајќи дека по завршувањето на таквиот прекин на огнот војната може да стане уште полоша.
- Привремениот прекин на огнот што Западот и ги нуди на Украина нема да има влијание врз војната со Русија, изјави Тимочко за Канал 24.
Москва - Руската разузнавачка агенција ФСБ застрела и уби осомничен терорист, се наведува во соопштението објавено денеска, пренесе ДПА .
Мажот планирал да активира рачно изработени експлозивни направи во еврејска институција во московскиот регион и една метро станица во Москва, соопшти ФСБ.
Манхајм - Автомобил влета во толпа луѓе во западниот германски град Манхајм, објави денеска весникот Манхајмер Морген, повикувајќи се на очевидци.
Најмалку едно лице загинало, јави ДВ, повикувајќи се на локални медиуми. Билд пишува дека црн теренец влетал „од парадата кон водената кула во толпата луѓе“. Се претпоставува дека има неколку тешко повредени лица, а итната помош е на терен.
Брисел - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека утре ќе објави план за повторно вооружување на Европа.
- Утре преку писмо ќе ги информирам земјите членки (на ЕУ) за план за повторно вооружување на Европа. Потребен ни е масовен поттик на одбраната, нагласи Фон дер Лајен во одговор на новинарско прашање за идните одбранбени планови ЕУ, при денешната презентација на Стратешкиот дијалог за европската автомобилска индустрија.
Киев - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека некој што сака преговори намерно не цели по луѓе со балистички ракети.
„Украина се бори за нормален и безбеден живот што го заслужува, за мир кој е праведен и сигурен. Ние сакаме оваа војна да заврши. Но, Русија не го сака тоа и продолжува со својот терор од воздух: во текот на изминатата недела, над 1.050 напади со беспилотни летала, околу 1.300 воздушни бомби и повеќе од 20 проектили беа лансирани над Украина за да уништат и убиваат градови денес“, рече украинскиот претседател.
Москва - Кремљ денеска соопшти дека некој треба да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да склучи мир, откако расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба покажа колку е тешко да се најде начин да се стави крај на војната.
-Тоа што се случи во петокот во Белата куќа, се разбира, покажува колку ќе биде тешко да се преговара за патот кон решение во врска со Украина, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Брисел - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека утре ќе објави план за повторно вооружување на Европа.
- Утре преку писмо ќе ги информирам земјите членки (на ЕУ) за план за повторно вооружување на Европа. Потребно ни е масовен поттик на одбраната, нагласи Фон дер Лајен во одговор на новинарско прашање за идните одбранбени планови ЕУ, при денешната презентација на Стратешкиот дијалог за европската автомобилска индустрија.
Лондон - Британскиот крал Чарлс III денеска ќе се сретне со канадскиот премиер Џастин Трудо – само еден ден по аудиенцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговата резиденција во Сандрингам.
Трудо ќе има приватна средба со Чарлс во неговиот имот во Норфолк, откако пристигна во Лондон за да учествува на итен одбранбен самит на европските лидери.
Брисел - Европската Унија нема да успее да ги исполни повеќе од своите цели за намалување на загадувањето до 2030 година, покажува извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), објавен денеска.
И покрај напредокот во намалувањето на загадувањето на воздухот, употребата на пестициди и пластичниот отпад во морето, „потребни се многу поинтензивни мерки“ за постигнување на целите за намалување на бучавата, ослободувањето на микропластика, загадувањето со нутриенти и создавањето отпад, се наведува во извештајот.
Варшава - Некогашниот лидер на отпорот против комунистичкиот режим и поранешен претседател на Полска, Лех Валенса и уште 36 поранешни дисиденти испратија писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое наведуваат дека се шокирани од неговото однесување кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи не се тргува со пролеаната крв на Украинците.
- Исто така, бевме шокирани што атмосферата во Овалната соба личи на онаа што ја паметиме од сослушувањата во Службата за безбедност и судењата пред комунистичките судови. Обвинителите и судиите, по наредба на семоќната тајна полиција, ни рекоа дека тие ги држат сите карти, а ние немаме ништо, се посочува во отвореното писмо до Трамп.
Тел Авив - Најмалку едно лице загина, а четири други се повредени во напад со нож во израелскиот пристанишен град Хаифа, соопштија денеска спасувачките служби.
Напаѓачот, кој нападнал луѓе на главната автобуска станица, бил застрелан, соопшти израелската служба за итна помош „Маген Давид Адом“.
Тел Авив - Двајца Палестинци се убиени од израелски војници во Рафа, во Појасот Газа, јавика палестински медиуми, пренесува ДПА.
Израелската армија соопшти дека двајца осомничени им се доближиле на војниците во јужниот дел на Газа и претставувале непосредна закана, поради што биле застрелани.
Сиднеј - Илјадници диви коњи во источна Австралија беа застрелани од хеликоптери во рамки на контроверзен план за контрола на нивната популација, со цел заштита на природната средина, јавија австралиски медиуми.
Дивите коњи, познати како „брaмби“, се присутни во Националниот парк „Косцјушко“ во Снежните Планини на државата Нов Јужен Велс веќе 200 години. Тие се дел од австралиската култура и се споменуваат во песни, романи и филмови.
Ерусалим - Израелската војска соопшти дека денеска погодила „сомнителен брод“ во близина на брегот северно од Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, тврдејќи дека тој претставувал закана.
„Претходно денеска армијата погоди сомнителен моторизиран брод кај северниот брег на Кан Јунис, кој ги кршеше безбедносните ограничувања и претставуваше закана“, се вели во соопштението.