Скопје - Договорот со Обединетото Кралство претставува историски момент за нас како држава, но и генерално за регионот затоа што едно вакво силно присуство на еден од водечките политички чинители во светот, тука во регионот, значи многу, истакна премиерот Христијан Мицкоски, запрашан од пратеникот Никола Мицевски за важноста на потпишаниот Договор.
Премиерот Мицкоски нагласи дека потпишаниот Договор е значаен за граѓаните, за државата и регионот, тој е транспарентен и со политичка и економска вредност.
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи пратеничко прашање во Собранието, за напорите на Владата за деблокада на евроинтергации ја повика опозицијата да лобира заедно со Владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјава, кој вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик.
Мицкоски, при тоа за уставните измени потенцираше дека додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата, нема поместување ни милиметар од нашите позиции.
Скопје - Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на собраниската говорница изјави дека до овој момент се обезбедени 30 милиони денари од страна на Владата за настраданите во Кочани, а досега се исплатени 11,2 милиони денари.
-Од буџетот на Република Македонија за настраданите во Кочани се обезбедени 30 милиони денари за помош на семејствата и повредените. До овој момент се исплатени 11,2 милони денари за патни трошоци и сместување на семејства на повредените кои се лекуваат во странство и оваа постапка продолжува и понатаму, изјави Димитриеска Кочоска одговорајќи на прашање од пратеникот Оливер Спасовски на денешната собраниска седница, дали досега е донесена одлука и се извршени исплати на средства од буџетот на државата на семејствата на починатите и на повредените и ако има таква одлука колку средства биле исплатени за оваа намена.
Вашингтон - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Стејт департментот во Вашингтон ќе има средба со државниот секретaр на САД, Маркo Рубио.
Средба, како што е објавено на веб страницата на Стејт департментот, е закажана во 9:30 часот по локално време. Средбата Муцунски - Рубија денеска од собарнсиката говорница во Скопје ја најави и премиерот Христијан Мицкоски.
Скопје - По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел решение за отфрлање на анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.
Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека пријавите се повикувале на јавно објавени податоци според кои пријавениот при аплицирање за позиции директор во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, асистент на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) користел уверение за познавање англиски јазик од Language School Julia CO.LTD, Пловдив, Бугарија, кое според сознанијата на подносителот не спроведувало тестирање за TOEFL iBT, ниту пак издавалo меѓународно признати сертификати какви што се барале на огласите.
Скопје - Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција, посочи новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, во денешната свечена изјава.
Славески подвлече дека Центарлната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација односно ценовна стабилност, финансиска стабуилност и поддршка на политиките на Владата.
Скопје - Откако сум дојден тука, во Северна Македонија, управувањето со отпадот е еден од секторите во кои сме виделе најмалку развој. Повеќе од 50 милиони евра преку грантови се распределни низ различните инструменти на ЕУ како поддршка на локалните и националните структури за управување со отпад, а уште 25 милиони се дадени за инфраструктурни проекти. Но, за жал, се соочуваме со големи предзивици, а имплементацијата е исклучително бавна. Би сакале да видиме многу поцврсто лидерство од надлежните органи и вистинска посветеност. Ги пoвикуваме и деловната заедница и останатите партнери да се приклучат кон моделот на циркуалрна економија и да ја подобрат состојбата. Очекуваме политиките и законодавството да бидат усвоени што е можно поскоро за да се обезбеди добра реализација и нивно соодветно спроведување во пракса, порача денеска шефот за соработка во делегацијата на Европската унија во Скопје, Стефан Худолин на меѓународната конференција „Патот до одржливо управување со отпад“ што се одржува во Скопје.
Како што истакна Худолин, структурите за регионално управување со отпад треба да бидат приоритет, а оние што веќе постојат се уште се соочуваат со големи административни фининансиски ограничувања. Многу важно е да се обезбеди брз почеток на инвестициските проекти, кампањите за подигање на јавната свест се повеќе од потребни и не треба да бидат краткорочни.
Штип – Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија Паоло Палминтери верува дека пречките кои во моментов ги имаат Бугарија и Македонија не се толку комплицирани, за да не можат да се надминат. Палминтери денеска во Штип одговораше на новинарско прашање дали е оптимист за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, а кој е пречка на земјава за започнување на преговорите за влез во ЕУ.
-Верувам и сметам дека пречките кои моментално се помеѓу Бугарија и Македонија, дека не се толку комплицирани за да не можат да се надминат. Така што верувам дека европската интегреација понатаму ќе биде во најдобар ред, вели Палминтери.
Тој посочи деја преговорите не се започнати и се во фаза на застој, но како што рече од друга страна останатите планови си течат во нормален тек.
Скопје - На денешното судење за случајот „Адитив“, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека, Обвинителството истакна дека има цврсти докази и дека ќе ја докаже вината. Во воведниот збор на судењето што се одржа во дигиталната судница при КПУ Идризово, Обвинителството нагласи дека покрај вината за кривичните дела, ќе ја докажат и институционалната распаднатост во АД ЕСМ.
-Покрај тоа што ќе го докажеме сторувањето на кривичните дела, ќе ја докажеме и моралната и институционална распаднатост во АД ЕСМ во период кога обвинетите управувале со правното лице. Пред нас стои организирано и злосторничко здружување на кое државата им го доверила производството на електрична енергија. Наместо чесно да ја исполнат својата должност и да се оддолжат на државата што им поклонила верба да раководат, избрале да злоупотребат. Ова е удар врз граѓанинот кој со секоја платена сметка верува дека системот за производство на електрична енергија функционира, рече обвинителката Наташа Поп Трајкова.
Белград - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го назначи лидерот на Српската напредна странка и поранешен премиер Милош Вучевиќ за советник за регионални прашања.
На 28 јануари, Вучевиќ поднесе оставка од функцијата премиер на Србија по инцидентот во Нови Сад во кој беше нападната група студенти, за што беа обвинети активисти на СНС.
Тој беше премиер на Владата од 2 мај 2024 година.
Берлин – На претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска и беше врачена Меѓународната награда „Карло Велики“ за придонес на европското единство.
За време на церемонијата на доделување, што се одржа во Ахен, Германија, шпанскиот крал Фелипе Шести ја нарече Лајен „олицетворение на европскиот дух“.
Лајен годишната награда „Карло Велики“ ја доби во момент кога Европска Унија се соочува со војната во Украина, трговската војна на со САД и други безбедносни прашања во Европа.
Брисел – Шеесет европратеници од редовите на пет од осумте пратенички групи во Европскиот парламент, упатиле писмо до Европската комисија во кое бараат членови на Колеџот на комесари да бидат „видливо присутни“ на Парадата на гордоста во Будимпешта, што би требало да се одржи кон крајот на следниот месец.
Во писмото, во кое увид имал бриселскиот портал „Еурактив“, европратениците изразуваат „длабоко разочарување“ што Кабинетот на претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен ги повикал комесарите да не присуствуваат на Парадата.
Киев – Премиерот на Украина, Денис Шмигал, на заедничка прес-конференција со неговиот фински колега Петери Орпо во Киев, се заблагодари за помошта и „непоколебливата солидарност“ од Хелсинки за Киев.
Финска ѝ обезбеди на Украина повеќе од 2,7 милијарди евра воена помош, околу 90 милиони евра финансиска поддршка и приближно 816 милиони евра хуманитарна помош од почетокот на руска инвазија, изјави Шмигал.
Високо цениме сè што владата и народот на Финска направија за нашата стабилност и победа. Ова вклучува повеќе од 2,7 милијарди евра воена помош, околу 90 милиони евра финансиска поддршка и околу 816 милиони евра хуманитарна помош, истакна Шмигал.
Москва – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави оти Москва чека одговор од Киев на рускиот предлог за организирање на втора рунда директни преговори на 2 јуни во Истанбул.
- Колку што ми е познато сè уште не е добиен никаков одговор … Ние чекаме одговор од украинската страна, посочи Песков.
Тој го критикуваше и барањето на Украина да биде запознаена со руските услови за мир пред почетокот на состанокот во Истанбул.