• вторник, 24 декември 2024
МИА Општински пул

24 декември 2024 

Битола - Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), Пеце Стојковски и  деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), Благој Ристевски, потпишаа меморандум за соработка, насочена кон примена и интеграција на информатичко-комуникациските технологии во земјоделскиот сектор.

Според потписниците на меморандумот, со новата соработка ќе се овозможи предлагање на иновативни решенија што ќе го унапредат и поттикнат одржливиот развој на земјоделството во Македонија.

Дебар - Во ХЕ „Шпилје“ кај Дебар, еден од најзначајните електроенергетски капацитети, заврши капиталниот ремонт на генератор два.

-По двомесечни теренски активности на колегите од службата за електромашинско одржување од Хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Црн Дрим“, агрегатот повторно е ставен во погон и хидроелектраната е комплетно на располагање на електроенергетскиот систем, информираа за МИА од ЕСМ.

Куманово - Општина Куманово реализираше бројни проекти со поддршка на меѓународни институции, соопштија денеска надлежните од секторот за меѓународна соработка и ЕУ-Интеграции, стратешко планирање, креирање на политики, следење и ЛЕР.

Најголем процент од реализираните проекти се наменети за инфраструктура, но има и бројни проекти преку се разменуваат искуства и се поддржува граѓанскиот сектор во општината.

Дебар - По обилниот и интензивен дожд во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта, утрово во дебарскиот регион имаше појава на снежни врнежи но со слаб интензитет.

Сообраќајот на сите патни правци, кои се под надлежност на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, се одвива тековно, но поради влажноста, се препорачува внимателно возење.

Куманово - Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое обвинет за „злоупотреба на служена положба и овластување“ е кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, по пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово.

На денешното рочиште на предлог на адвокатот на Димитриевски беше презентиран вештиот наод од област на урбанизмот. Вештото лице кажа дека градоначалникот и општината постапувале штитејќи го јавниот интерес, суспензијата на Деталниот урбанистички план е донесена откако реагирале гимназијата и здравствениот дом-школска амбуланта.

Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го посети основното училиште „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево, каде е во тек санација на 11 училници, со што значително ќе се подобрат условите за изведување на наставата за 643 ученици од прво до деветто одделение.Во рамките на санацијата, која е со вредност од 1.250.000, 00 денари, обезбедени од буџетот на општина Кисела Вода, се опфатени активности за реновирање на подови на површина од 360 квадратни метри. 

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна важноста од модернизација на образовните објекти и обезбедување оптимални услови за учениците.

Кавадарци - Кавадарчанец бил лишен од слобода, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија. Градоначалникот Митко Јанчев денеска  потврди за МИА дека тој и неговата фамилија биле мета на закани. 

- Рано утрово во 00.05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци на социјални мрежи. С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од СВР Велес.

Делчево - Поради нередовна исплата на плата од страна на Јавноти комунално претпријатие ,,Брегалница" Делчево, неисплаќање на целосниот износ на регрес за годишен одмор за 2023 година и неисплаќање на регрес за годишен одмор за 2024 година, денес со писмено соопштение до јавноста својот револт повторно го изразија од синдикалната организација СУТКОЗ.  

Дарко   Гоцевски,   како   претседател   на   СО   на   СУТКОЗ   при   ЈКП Брегалница -  Делчево  и  претседателот   на   СУТКОЗ  Стојанче Кашиковски, како што се вели во соопштението до МИА, во континуитет бараат од директорот Стојче Стојковски да се погрижи   обврските   кон   вработените   редовно   да   ги   сервисира.  

Битола - Советот на Општина Битола донесе одлука со која е утврдена програмата за работа на Јавната општинска установа Културно информативен центар - Битола, во чија надлежност се работата на Офицерски дом и кино „Манаки“.

Во 2025 година КИЦ-Битола ќе се потпира на главните столбови за работа, односно сценско-уметничка дејност, музичка дејност, издавачка дејност, филмска, галериска и дејност за посредување во културата.

 

Остани поврзан