• четврток, 26 декември 2024
МИА Општински пул

18 ноември 2024 

Штип - Над сто сообраќајни несреќи се регистрирани во периодот од ноември 2023 година до ноември годинава, само во источниот дел на Република Северна Македонија. Сообраќајниот инженер Роберт Рогожаров, кој денеска ја презентираше статистика, вели дека најголем дел од сообраќајните незгоди завршиле со лесно повреди на  учесниците во сообраќајот. Но, во овој временски период регистрирани се и три сообраќајни несреќи со четири жртви. Тој посочува дека бројката на сообраќани несреќи со жртви е намалена, бидејќи во 2023 година имало седум несреќи со девет жртви.

-Секоја трета недела во месец ноември, ден недела е прогласен за ден на жртвите од сообраќајни несреќи. Од месец ноември минатата година до ноември оваа година имаме три сообраќајни незгоди со четири жртви, со тешки телесни повреди имаме 38 сообраќајни несреќи со 42 поврдени лица и има 68 сообраќајни несреќи со 129 полесно повредни лица, изјави Рогожаров.

Според него потребно е младата популација да се едуцира, а сообраќајните правила и прописи да важат за сите поеднакво. Само на таков начин може да се намали бројот на жртви кои го оставаат својот живот по патиштата.

-Сметам дека тие едукации би требало да бидат почести и најчесто извршителите на овие мерки помалку да бидат толерирани, вели Рогожаров.

Делчево - Општина Делчево организира Буџетски форум на кој граѓаните ќе имаат можност директно да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Делчево за тековната 2024. За таа цел, денеска градоначалникот на Делчево упати отворена покана до граѓаните да земат учество на првата форумска сесија, на која ќе можат да даваат предлози за планирање на буџетот за следната, 2025 година.

- Имам чест и задоволство да ве поканам на првата форумска сесија која ќе се одржи на 26.11.2024 (вторник) во мултифункционлниот центар во спомен дом АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 часот. Преку буџетскиот форум жителите на општина Делчево на форумските сесии ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Делчево за тековната 2024, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната, 2025 година, вели градоначалникот Горан Трајковски. 

На првата форумска сесија, како што додаде, присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар развој на општината. 

- Решивме една недела порано да ги информираме граќаните со цел информацијата да допре до што погоем број граѓани за учество во овој форум. Целта на алатката „Форуми во заедницата“ е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба, додаде Трајковски. 

Берово – Општина Берово ги исплати средствата за поддршка на лица со попреченост до 26 години, соопшти денеска градоначалникот Звонко Пекевски. Средствата како што информираше се исплатени во рамки на Програмата за социјална заштита за 2024 година на Општина Берово.

- Ги известуваме жителите на Општина Берово, дека денеска, се исплатени средствата за поддршка на лица со попреченост до 26 години, во рамки на Програмата за социјална заштита за 2024 година на Општина Берово. Исплатени се вкупно 140.000,00 денари или по 10.000,00 денари на 14 семејства, во кои има лице со попреченост, како еднократен паричен надоместок, информираше Пекевски.

Целта на оваа мерка како што додаде е да се помогне на овие семејства, да можат да покријат дел од трошоците и да биде придонес во семејниот буџет.

- Поради тоа се повикуваат сите семејства, во кои има лице со попреченост до 26 години, да поднесат барање до Општина Берово и да ја искористат оваа мерка, истакна градоначалникот на Берово во своето соопштение.

Според него мерката е од особено значење, потенцирајќи дека грижата за сите во локалната заедница, е важен фактор во севкупниот развој на истата.

Штип - Штип е првата општина во земјава која доби пет контејнери во кои ќе се собира текстилен отпад. Комуналното претпријатие „Исар“-Штип денеска доби донација од пет контејнери во кои ќе се одлага текстилниот отпад, а ќе го собира лиценцираната фирма „Еко-Текст груп“. Директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски вели дека контејнерите ќе се постават на пет локации во градот и ќе има едно собирно место, на коешто собраниот отпад ќе биде одложен, по што ќе се селектира.

-Бидејќи сме прва општина којашто е корисник на ваквиот тип на контејнери, доколку праксата, потребата покаже дека бројот на контејнери за текстилен отпад треба да се зголеми, фирмата е расположена да достави дополнителен број на вакви контејнери, вели Арсовски.

Фирус Мемед претставник на лиценцираната фирма „Еко -Текст груп“ вели дека годинава се лиценцирани за собирање на текстилниот отпад. Посочи дека Штип е првата Општина која која е општествено-одговорна.

Куманово - Општина Куманово е подготвена за зимско одржување на улиците, соопштија денеска надлежните. Годинава градот ќе го одржуваат екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, додека руралните средини приватна компанија која го доби тендерот то го објави општината. Вкупно ќе бидат одвоени 14 милиони денари. Девет милиони денари ќе користи претпријатието „Чистота и Зеленило“ и ќе ги расчистува улиците во централното градско подрачје. Останатите пет милиони денари ќе ги користи економски оператор за расчистување на руралните средини.

- Имаме механизација, како и човечки потенцијал, подготвени сме располагаме со три кипер машини, едната е овде, на депо на ЈП „Куманово паркинг“, останатите две се на депонија и со во здрава кондиција, тоа се кипер камиони кои имаат соларки од задната страна за расфрлување на сол, и однапред имаат ножеви за расчистување на истиот. Освен овие три кипер камиони, имаме уште два трактори, со ножеви кои треба да ја вршат истата работа, расфрлувањето на сол, како и автометлачки три кои се задолжени за јавно прометни површини како што се плоштадот, пешачки патеки, како и за останати површини каде треба да се интервенира од таков тип, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.

Општина Куманово преку долгорочно задолжување преку Светска банка во 2022 година набави работни машини за четири претпријатија, најмногу за „Чистота и Зеленило“.

Струмица - Општина Струмица го продолжи пријавувањето за бесплатен приклучок на гасводниот систем за кој досега граѓаните плаќаа 46.943 денари.

Ова на својот фејсбук профил го соопшти градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој ги повика граѓаните да го користат природниот гас за поголема лична благодет и почиста Струмица. Тој информираше дека се исплатени и субвенциите за потрошен природен гас за периодот од април до септември годинава.

-Оваа година на вкупно 160 домаќинства приклучени на гасоводната дистрибутивна мрежа им се исплатени субвенциите во износ од 10,00 денари од кубен метар потрошен прирoден гас, објави Костадинов.

Инаку, цената на гасот за затоплување е 5,77 денари за киловат час и според информациите од ЈПЕД „Струмица гас“ за грејната сезона е обезбедено редевно снабдување на потрошувачите.

Остани поврзан