• вторник, 18 март 2025
МИА Општински пул

18 март 2025 

Штип/Скопје - Имаме доволно крв за сите крвни групи за потребите на сите болници и клиники во земјава, вели во изјава за МИА директорот на Центарот за Трансфузиона медицина, Амир Елези.

Прашан дека на социјалните мрежи се споделува за потреба на дарување на крв за пациенти кои се сместени на Клиниките во Скопје, Елези е дециден во одговорот дека крв има од сите крвни групи. -Се што се споделува е само некоја пропаганда, што не знаеме каква е позадината, а и не знам зошто се шири таква паника, затоа што имаме доволни количини, а плус тие кои што се тешко болни се лечат надвор од државата, вели Елези.

Скопје - По барање на градоначалникот Бобан Стефковски, денеска Советот на Општина Гази Баба ќе одржи итна седница со единствена точка на дневен ред - Одлука за доделување на финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

Градоначалникот Стефковски на својот Фејсбук објави дека поднел барање за оддржување на седница на Советот на Општина Гази Баба со цел донесување на Одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани во висина од 1.000.000 денари.

Сиднеј - Македонските иселеници во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс се солидаризираат со семејствата на настраданите во големата несреќа што се случи во Кочани.

Клубовите на иселениците во Сиднеј и другите градови во тој дел на Австралија упатија повик до сите хумани луѓе в сабота во што поголем број да дојдат да го проследат фудбалскиот натпревар што македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ го игра против „Блектаун сити“.

Скопје - Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Центар и Ѓорче Петров.

Како што информираат од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во општината Чаир е интервенирано на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“ каде што се подигнати близу 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад.

Охрид -  Ученици од четирите охридски средношколски центри, заедно со нивните професори, денеска се собраа на марш и собир на кој им одадоа почит на загинатите во големата несреќа во Кочани.

Како што и беше најавено, тие се собраа во дворовите на училиштата, од каде се упатија кон Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, каде палеа свеќи, положува цвеќе пред параклисот и со молчење изразија сочувство до семејствата на настраданите во кочанската трагедија.

 

Остани поврзан